Фудбал
Нов притисок за Манчестер Сити
Случајот во Манчестер Сити и натаму е главна тема во англискиот фудбал. Клубот е прогласен за виновен за кршење на правилата на финансискиот фер плеј откако тоа го утврди независна комисија. Сега за прв пат има соопштение од страна на Фудбалската федерација на Англија, која пак „отвора“ можности за други казни.
„Одлуката на независната комисија има важни последици по интегритетот на фудбалската игра. Внимателно ја разгледавме одлуката и нејзините последици и ќе преземеме соодветни мерки кога ќе биде потребно“, е објавено од страна на ФА.
Англиската федерација не ги објави мерките, но потенцираше нема дополнително да даваат коментари за постапките меѓу Премиер лигата и Манчестер сити.
Независната комисија утврди дека Манчестер Сити ги прекршил финансиските правила во Премиер лигата во периодот од 2009 до 2018 година со прикажување на неточни приходи од спонзорски договори.
Манчестер Сити ги отфрли обвинувањата и поднесе жалба (денеска беше последен рок).
октомври 3, 2026
