Connect with us

Свет

Руте: НАТО ќе ја зголеми поддршката за Украина поради бројните руски саботажи во последните месеци

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска соопшти дека поддршката за Украина ќе биде зголемена поради бројните „саботажи и непријателски дејствија“ што Русија ги презеде во последните месеци.

„Русија продолжува со својата безобѕирна кампања на непријателски дејствија против НАТО. Се обидува да ја ослабне нашата решителност и да ја спречи нашата поддршка за Украина. Но, не успева“, изјави Руте ви Брисел, пренесоа британските медиуми.

Според него, НАТО ќе направи уште повеќе за Украина.