Свет
Путин изјави дека очекува „голема корист“ од претстојната трилатерална средба со Трамп и Шји Џјинпинг
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека очекува „голема корист“ од утрешната трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Шји Џјинпинг.
Путин го изјави тоа на церемонијата на отворањето на форумот на АПЕК во кинескиот град Шенжен.
„АПЕК нуди големи можности за конструктивна комуникација на сите нивоа, а особено меѓу лидерите на водечките економии“, истакна рускиот претседател.
Тој нагласи дека на ваквите средби лидерите можат да разменуваат мислења, да ги решаваат меѓудржавните несогласувања во политиката, економијата и безбедноста преку изнаоѓање компромиси и рамнотежа на интересите, како и заеднички да работат на зајакнување на темелите на глобалниот одржлив развој.
„Затоа очекувам голема потенцијална корист од претстојната трилатерална средба на лидерите на Русија, Кина и САД, планирана во рамките на самитот на АПЕК“, додаде Путин.
Рускиот претседател им се обрати на учесниците на самитот на АПЕК по воведното обраќање на кинескиот претседател Шји Џјинпинг.
ноември 18, 2026


