Кошарка
Ривс уште четири сезони во ЛА Лејкерс
НБА лигашот Лос Анџелес Лејкерс официјално го продолжи договорот со Остин Ривс, кој му се приклучи н на тимот во 2021 година.
Дваесетиосумгодишниот Ривс се согласи на нов четиригодишен договор вреден 185 милиони долари, што го прави најплатен меѓу кошаркарите кои не се избрани на драфтот на НБА.
Минатата сезона, Ривс имаше просек од 23,3 поени, 4,7 скокови, 5,5 асистенции и 1,1 украдена топка.
ЛА Лејкерс направи голема промена во својот состав по завршувањето на минатата сезона.
Редовите на 17-кратниот НБА шампиони ги напуштија Леброн Џејмс, Руи Хачимура, Деандре Ајтон, Маркус Смарт, Џексон Хејс и Лук Кенард, а Вокер Кеслер, Кевон Луни, Квентин Грајмс, Колин Секстон, Џејден Харди и Сандро Мамукелашвили му се приклучија на Лејкерс.
Новата сезона во НБА лигата официјално ќе стартува на 20 октомври.
јули 14, 2026

