Кошарка
Изненадувачки трансфер на Чеди Осман
Кошаркарскиот репрезентативец на Турција, Чеди Осман, кој е роден во Охрид во новата сезона ќе настапува во нов клуб од Грција. Досегашниот член на Панатинаикос ќе ги смени клупските бои.
Осман треба потпише три годишен договор со ПАОК за девет милиони евра.
Турскиот репрезентативец има настапувано и во екипите од НБА лигата Кливленд и Сан Антонио, а претходно го носеше и дресот на Анадолу Ефес.
Доаѓањето во екипата од Солун, ПАОК е знак дека оваа екипа подготвува силен тим за настапот во Еврокупот, но и да се обиде да бори за титулата во грчкиот шампионат со Олимпијакос и Панатинаикос.
јули 12, 2026

