Connect with us

Општини

Во Велес одбележани 123 години од подвигот на гемиџиите

Под мотото „Чествување за бесмртните“ општина Велес денеска ја одбележа 123 годишнината од Солунските атентати и саможртвата на гемиџиите за Македонија, со која младите интелектуалци во најголем број велешани, сакале да го свртат вниманието на Европа за поробена од Турците, Македонија, а кои серија настани се одржале во Солун на крајот на април во 1903 година.

По тој повод делегација на општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев положи цвеќе пред споменикот на Гемиџиите покрај Вардар и  оддаде почит за нивното херојско дело и саможртва.

Почит оддадоа и советници при Советот на Општина Велес, претставници на политички патртии јавни институции и АРМ.

Градоначалникот Колев фрли цветен венец да плови во Вардар како симбол на непкорноста на нивната саможртва за Македонија.

Со Вечна им Слава! присутните на свеченоста  денеска  потсетија дека ние сегашните и идни генерации Македонци никогаш не треба  да ги заборавиме  имињата на:младите интелектуалци гемиџии кои се жртвуваа за Македонија. Тоа се: Јордан Поп Јорданов – Орцето, Димитар Мечев – Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, храбрите младинци кои не задолжија со нивниот аманет –  Да се арчиме за Македонија.

Воедно потсетија дека гемиџиите денес се памтат како симбол за непоколеблива борба за правда и достоинство, и се  инспирација за новите генерации, да знаат  да ја ценат слободата и да ја негуваат националната свест.

Во рамки на одбележувањето на годишнината, пред Споменикот на гемиџиите во Велес со пригодна програма настапија учениците од СОУ „Гимназија „Кочо Рацин“. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1