Connect with us

Општини

Во Охрид 11. Конгрес за ретки болести во Југоисточна Европа

Повеќе од 300 експерти од земјава и од странство ќе бидат дел од 11. Конгрес за ретки болести во Југоисточна Европа што од 7 до 9 мај ќе се одржува во Охрид.

Настанот насловен „Кон персонализирана медицина“ го организира Македонско здружение за ретки болести, поддржан од повеќе медицински здруженија и институции, меѓу кои Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) и Педијатриско здружение на Македонија, како и пациентски организации и здруженија.

Конгресот претставува еден од најзначајните научни собири во регионот, со учество на врвни меѓународни и домашни експерти кои ќе ги презентираат најновите истражувања и пристапи во дијагностиката и третманот на ретките болести.

Настанот покрај другото има за цел и подигнување на јавната свест за ретките болести и значењето на персонализираната медицина.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4