Connect with us

Општини

Поголема безбедност на езерото: Охрид со брод-амбуланта до крајот на годината

Охрид до крајот на годинава треба да добие современ брод-амбуланта, што ќе овозможи брз и квалитетен превоз на пациенти преку Охридското Езеро и поголема безбедност на посетителите на целото езерско крајбрежје.

Станува збор за набавка што ќе се реализира со финансиска поддршка на ЕУ, преку проектот „Волонтери во акција за безбедност на граѓаните и заштита на природата“ од ИПА3 програмата за прекугранична соработка со соседна Албанија.

Сашо Точков, претседателот на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид, вели дека со оглед на се поголемиот број пловни објекти на езерото и туристи, неминовна е потребата од такво пловило.

-Нашата идеја е и сите итни транспорти кои би требало да се прават на пациенти по копнен пат да се прават по воден. Ќе имаме современ брод-амбуланта кој ќе може да одговори на предизвиците кои ги има Охридското Езеро – вели Точков.

Инаку, во тек е постапката на прибирање понуди и истата се одвива според законска регулатива, со очекувања бродот да пристигне до крајот на годината.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2