Connect with us

Свет

Почина Џеси Џексон, лидер за граѓански права и поранешен американски претседателски кандидат

Џеси Џексон, лидерот на движењето за граѓански права и поранешен кандидат за претседател на САД, почина денеска на 84-годишна возраст, информира неговото семејство, објави „Си-би-ес њуз“ (CBS News).

Во текот на својот живот Џексон беше клучна фигура во борбата за граѓански права марширајќи заедно со активистот за граѓански права Мартин Лутер Кинг униор и учествувајќи во ненасилни протести во САД.

По смртта на Кинг во 1968 година, тој ги основа организациите PUSH и Debt Coalition, фокусирани на социјална правда и ангажирање на гласачите.

Џексон се кандидира за претседателска номинација од Демократската партија во 1984 и 1988 година, а во текот на децениите доби повеќе од 40 почесни докторати и Претседателски медал за слобода во 2000 година од тогашниот претседател Бил Клинтон.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1