Connect with us

Општини

Во Кичево отворен божиќниот базар

Во организација на здружението „Хуманитарен божиќен базар”, со свечена атмосфера, топлина и искрена радост, синоќа во Кичево започна Божиќниот базар, настан, кој секоја година носи посебна светлина во пресрет на големиот христијански празник – Рождеството Христово. 

Градскиот плоштад се претвори во празнично собиралиште, украсено со божиќни светилки, елки и симболи кои го најавуваат времето на љубовта, надежта и духовното обновување.

-Божиќниот базар претставува повеќе од културно-забавен настан. Тој е простор каде што се спојуваат традицијата и современоста, каде што граѓаните имаат можност да уживаат во рачно изработени подароци, празнични украси, домашни производи и традиционални вкусови, но и да го почувствуваат вистинскиот дух на Божиќ – духот на заедништвото и дарувањето, велат за МИА  од здружението „Хуманитарен Божиќен базар”.

Додаваат дека посебен белег на базарот е можноста за меѓусебна средба, разговор и споделување искрена радост меѓу сите генерации.

-Овој празничен настан е резултат на заеднички напор и добра соработка, при што посебна благодарност упатуваме до градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јовановски, за неговата поддршка, ангажман и посветеност во создавањето на празнична атмосфера која го обединува градот, додаваат од здружението.

Според нив, неговата поддршка придонесе Божиќниот базар да прерасне во место на радост, духовна топлина и надеж за сите граѓани.

-Во време на брз живот и бројни предизвици, Божиќниот базар нè потсетува на вистинските вредности – милосрдието, човечноста и солидарноста, кои се суштината на празникот што доаѓа. Почетокот на овој настан е покана до сите кичевчани и посетители да застанат барем за миг, да ја почувствуваат празничната топлина, да споделат насмевка и топол збор и да се израдуваат на малите нешта кои го исполнуваат срцето, посочува организаторот.

Од здружението, посакуваат овие празнични денови да донесат мир, благослов и радост во секој дом, а светлината на Божиќ да нè води кон повеќе љубов, разбирање и заедништво. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2