Connect with us

Општини

Дедо мраз на мотор им подели пакетчиња на децата од градинките во Велес

Членови на Мото клубот „Носачи на крстот“ вчера и денеска како Дедо мраз на мотор со приколки полни со новогодишни пакетчиња  ги израдуваа децата од велешките градинки. Освен во велешките градинки тие вчера  поделија новогодишни пакетчиња и во градинките во Градско и село Караслари. Досега поделени се околу илјади новогодишни пакетчиња – донација од Општина Велес, информира за МИА, Бобан Мијајлевски од Мото клубот „Носачи на крстот“.

Во соработка со Општина Велес тие в недела, 28 декември, во 13 часот, во Младинскиот парк во Велес ќе поделат неколку илјади новогодишни пакетчиња за најмладите од Велес. 

Воедно од Општина Велес најавено е  дека  ќе има и интерсна и богата Новогодишна програма што ја организира општината во рамки на „Винтерфест 2025“, а кој започнува утре.и ќе трае до 30 декември.

Велешките мторџии од МК „Носачи на крстот“ во соработка со Општина Велес и градоначаллникот Марко Колев в понеделник ќе ги посетат децата на лекување во Детското одделение на велешката Општа болница и ќе им поделат пакетчиња. Новогодишни пакетчиња  ќе поделат и за корисниците на  Дневниот центар за лица со попречености, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености и децата од Oсновното училиште со Ресурсен центар  „ Маца Овчарова“во Велес. Ќе делат пакетчиња со мотор низ велешките градски улици и со свои средства. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3