Connect with us

Општини

Во Кочани промовиран проект за зголемување на инклузивноста на млади со посебни потреби

Во Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани денеска беше промовиран проектот „Зголемување на инклузивноста за млади со посебни потреби преку мултидисциплинарен пристап“, насочен кон создавање инклузивна и поддржувачка средина за младите со посебни потреби.

Главната цел на проектот е развој на специјално приспособена програма која вклучува активности од различни области, како што се драма, танц, уметност, јога и спорт, со цел поттикнување на личниот развој и социјалната интеграција на младите.

Меѓу специфичните цели се развој на инклузивни образовни програми, воспоставување транснационален инклузивен клуб, промовирање на социјалната интеграција преку заеднички активности и тимска работа меѓу средношколците и младите со посебни потреби, како и зголемување на свесноста за важноста на инклузијата кај локалните власти, родителите, наставниците и пошироката заедница.

Во очекуваните резултати од проектот спаѓаат: креирани и имплементирани 5 модули за обука за наставници; воспоставен транснационален инклузивен клуб со 4 филијали; 16 обучени наставници како инструктори и ментори; подготвен документ за стратешко партнерство со препораки за подобрување на локалните политики… 

Одржливоста на проектот е планирана преку инфраструктурата, човечките и финансиските ресурси, институционалната поддршка и создавањето транснационална мрежа.

Проектот вклучува 9 партнерски организации од 4 европски земји: Македонија, Португалија,  Грција и Хрватска, а трае 2 години, до крајот на 2026 година. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2