Connect with us

Општини

ДУИ очекува триумф на повторените избори за градоначалник во Гостивар

Со митинг во гостиварскиот ценатр за култура, во Гостивар започна предизборната кампања на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ). Пред партското членство и симпатиерите, кандидатот за градоначалник, Валбон Лимани, искажа благодарност до сите граѓани кои му ја дале довербата во првиот круг од локланите избори во октомври. Тој во говорот изрази верување дека волјата на граѓаните ќе триумфира на овие избори, а убедливата поведа била пониште за мал број гласови.

– Ова не е прв пат да се водат „игри“ и да се испробаат во Гостивар, но убеден сум дека со ваша поддршка и пред сè со Божја волја, ќе успееме. Ова е процес како битка за достоинство и за правото на граѓаните сами да одлучуваат за иднината на Гостивар, рече Лимани.

Тој во говорот истакна дека не верува во празни предизборни ветувања, а неговата политичка посветеност ја темели на конкретни и изводливи проекти, кои како што рече треба да овозможат одржлив развој на градот и подобар животот на граѓаните.

Кандидатот за градоначалник поддржан од НАИ ја побра поддршката од сограѓаните и повика на масовна излезност на гласачките места на 11 јануари, за да, како што рече, се потврди волјата на мнозинството граѓани.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во обраќањето на митингот, нагласи дека коалицијата НАИ во Гостивар има само еден кандидат за градоначалник – Валбон Лимани.

– Ја имате имате моја целосна поддршка, поддршка од ДУИ и сите наши структури. Вашата победа на 11 јануари е сигурна. На Гостивар му е потребна нова генерација лидери, рече Ахмети.

Претседателот на Алијасна за албанците, Арбен Таравари, искажа уверување дека Валбон Лимани ќе победи убедливо на изборите на 11 јануари и

повика на максимална мобилизација во вториот круг. Зборувајќи за актуелната политичка состојба, Таравари кажа дека идната година во Македонија ќе се одржат одржат предвремени парламентарни избори.

Актуелниот претседател на општинскиот совет и лидер на гостиварскиот огранокк На митингот зборуваше и претседателот на Советот на општина Гостивар, Валдет Џафери, кој ја истакна важноста на соработката меѓу локалните институции за спроведување на проекти во корист на граѓаните следната година.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2