Општини
Новогодишен базар во ОУ „Никола Карев“ во Кочани
Учениците од ООУ „Никола Карев“ од Кочани попладнево на големото паркиралиште позади училишната зграда го одржаа традиционалниот новогодишен базар.
Пред посетителите, на продажните штандови, се најдоа новогодишните креации и изработки на учениците кои го привлекоа вниманието на присутите.

Празничната атмосфера ја надополни музичката програма на училишниот хор, под водство на наставничката Ангелина Катмерова Алексова.

DJ Bono, као гостин, се погрижи за забавниот дел од новогодишниот базар, додека најмладите имаат можност да се дружат со Мики и Мини Маус, омилени ликови од цртаните филмови.
декември 23, 2025


