Свет
Русија изврши напади врз украинската енергетска и пристанишна инфраструктура
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили извршиле напади со беспилотни летала врз украинската енергетска и пристанишна инфраструктура, како и врз товарни бродови кои ја снабдуваат украинската армија.
Во соопштението се наведува дека во руските напади погодени се две електрични потстаници во регионот на Одеса, складишта за гориво во пристаништето Чорноморск, како и товарен брод кој, според Русија, превезувал стока со двојна намена кон Одеса.
Руските сили извршиле напад и врз потстаница во градот Суми, североисточна Украина, која со електрична енергија ги снабдува украинската одбранбена индустрија и логистички центри.
ноември 19, 2026


