Connect with us

Формула 1

Кадилак му го продолжува договорот на Ботас

Формула 1 тимот Кадилак официјално потврди дека Валтери Ботас ќе остане нивен возач следната сезона.

Финецот го продолжи договорот со тимот за уште една година, и покрај гласините за можно заминување.

– Воодушевен сум што го продолжувам ова патување со Кадилак во 2027 година. Знаевме дека градењето тим од Формула 1 од нула ќе биде предизвикувачко, но токму тоа го прави сето ова толку посебно.
Ги поставивме темелите, учиме и напредуваме – и уште поголеми достигнувања нè очекуваат. Неверојатно сум желен да постигнам повеќе и верувам во она што го градиме заедно. Историјата само што започна, изјави Ботас.

Кадилак оваа сезона дебитира во Светскиот шампионат о Формула 1. 

Ad
Ad