Свет
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
Речиси секое четврто дете во свето живее на подрачје на војна или судир, што е рекордно ниво, се наведува во извештајот на организацијата „„Спасете ги децата“ (Save the children).
Според извештајот насловен „Стоп за војната против децата“ (Stop the War on Children), минатата година околу 589 милиони деца во светот живееле во зони на конфликт.
Дури 44 отсто од овие деца се наоѓаат во Африка, а уделот на деца од тој континент кои живеат во конфликтни подрачја е повеќе од тројно зголемен во периодот од 2010 година до минатата година.
Бројот на погодени деца, исто така, нагло порасна на Блискиот Исток – особено во Палестина, Либан и Јемен – зголемувајќи се од приближно 52 милиони во 2024 година на 67 милиони во 2025 година.
Во извештајот се наведува дека минатата година во конфликти биле убиени или повредени 14.224 деца. Но, тоа е бројка што опфаќа само потврдени случаи, затоа се претпоставува дека број на жртви е поголем.
Исто така се посочува дека се регистрирани вкупно 6.576 случаи на регрутирање малолетници и искористување на деца во конфликти, при што најголем број се забележани во Демократска Република Конго (1.397 деца), по што следуваат Нигерија, Хаити и Сомалија.
„Спасете ги децата“ е формирана од англиската хуманитарка Еглантајн Џеб во 1919 година, откако таа била сведок на страдањето на децата за време на Првата светска војна.
ноември 19, 2026

