Connect with us

Фудбал

Компани се враќа на клупата на Баерн

Тренерот на минхенски Баерн Винсент Компани изјави денеска дека ги надминал здравствените проблеми и повторно ќе седне на клупата в петок, кога актуелниот германски првак му гостува на Келн во првото бундеслигашко коло по двонеделната репрезентативна пауза.

Четириесетгодишниот Компани беше хоспитализиран минатиот месец кога му се слоши додека го следеше тренингот на вториот тим на Баерн. Лекарите му дијагностицираа воспаление на заштитната мембрана што ги опкружува мозокот и ’рбетниот мозок.

Компани на денешната прес-конференција им се заблагодари на клубот, медицинскиот персонал, играчите, тренерскиот персонал и навивачите за нивната поддршка.

„Беше многу интензивно искуство. Сè беше ново за мене во тој момент, но кога ќе погледнам назад, можам да кажам дека сè помина како што требаше. Веднаш добив помош од клубот и од докторот, за што сум многу благодарен. Морам да кажам дека сум многу здрав. Направивме многу тестови и сите резултати беа во ред. Сега повторно се чувствувам одлично и среќен сум што се враќам во тимот“, рече Компани.

Во отсуство на белгискиот тренер, Баерн го предводеше помошникот Арон Данкс со кој баварскиот тим дојде до четири победи и едно реми.

Баерн е првопласиран во Бундеслигата, со ист број бодови како и Борусија Дортмунд на второто место. 

Ad
Ad