Connect with us

Скопје

ИНИ: Претставени новоистражени документи за Скопје и други градови во отоманската епоха

На денешниот, XVI студиски ден на Институтот за национална историја – ИНИ, се одржа предавањето на проф. д-р Армен Жарноски, на тема: „Урбаната структура на Скопје, Охрид и Штип (XV – XVII век): Анализа на неколку вакафнами“. Беа претставени новоистражени документи за Скопје од периодот пред големиот палеж од страна на војсководецот Пиколомини кон крајот на XVII век, но и за неколку други градови во Македонија.

– Студиските денови на ИНИ се воведени кон крајот на 2022 година, со цел размена на научни знаења и искуства, а пред сѐ презентација на најновите резултати и активности. Според најавената содржина на претстојното предавање, веруваме дека овој настан ќе даде многу интересни сознанија од најновите истражувања на нашиот колега и ќе биде уште едно пријатно дружење и размена на знаења – изјави историчарката проф. Билјана Ристовска-Јосифовска.

Таа, инаку, е и координаторка на овој настан. Во тимот на Студиските денови се и Наташа Диденко и Владимир Јанев.

Вакафнаме (или вакуфнама), во Отоманска Турција, претставува еден вид имотно-правен запис за одреден вакаф – имот, обично на некој турски големец, којшто наведува што сѐ тој поседува и што остава во завештание. Проф. Жарновски во своето излагање го претстави своето истражување што опфаќа неколку новопронајдени вакафнами во македонските и турските архиви коишто ја дополнуваат сликата за Скопје во отоманска ера. 

Овие новопронајдени документи се исклучитално значајни, како за другите градови, така особено и за Скопје, бидејќи сега и реално може поподробно да се мапира она старо Скопје, смета проф. Драги Георгиев. Со тоа се согласија и неколку други учесници и дискутанти.

Презентацијата, инаку, ги опфати Скопје, Охрид, Штип, но делумно и Струга и Радовиш. 

Ad
Ad