Connect with us

Хроника

Кривични пријави и приведувања за повеќе случаи на семејно насилство, закани и малтретирање

Маж од Скопје е приведен поради физички напад врз својата малолетна ќерка, охриѓанец е лишен од слобода по пријава дека ја нападнал вонбрачната партнерка, а во радовишко село е приведен 38-годишник осомничен за насилство врз сопругата. Полицијата во изминатото деноноќие регистрирала и други случаи на семејно насилство врз деца, родители и брачни партнери.

По приведувањата за новите случаи, полицијата поднесе и повеќе кривични пријави за претходно пријавено семејно насилство. Во Пробиштип кривично е пријавен 49-годишник осомничен дека физички ја нападнал сопругата, додека во Куманово пријава е поднесена против маж кој физички ја нападнал својата партнерка.

Во Свети Николе, 54-годишен маж се соочува со кривична пријава откако им се заканувал на сопругата и ќерката, и покрај судската забрана за заканување, малтретирање и вознемирување.

Полицијата регистрирала и случаи на насилство врз деца и постари лица. Во Охрид било пријавено дека 11-годишно девојче било физички малтретирано од својата мајка, во Прилепско 85-годишен маж пријавил дека бил нападнат од својот син, а во Скопје биле пријавени напади врз две малолетни девојчиња, во првиот случај 34-годишен маж пријавил дека неговата малолетна ќерка била нападната со тврд предмет од нејзиниот очув, додека во друг случај 33-годишна жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот чичко, кој употребил и тврд предмет.

СВР Штип поднесе кривични пријави и против две лица од Штип поради психичко и физичко насилство врз нивната мајка, при што едно од нив е осомничено и за закани по нејзиниот живот.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни кривични пријави и поднесоци.

Ad
Ad