Connect with us

Свет

Business Insider: Поради украинските напади Русија масовно увезува бензин

Русија, вториот најголем извозник на енергенси во светот, е принудена масовно да увезува бензин поради украинските напади врз рафинериите. Во исто време, на властите им беше наредено да дадат предност на гориво со понизок квалитет. Кризата се развива со месеци, а Киев тврди дека во кампањата на напади со голем дострел досега оневозможил околу 55 проценти од вкупниот капацитет на руската рафинерија, пишува Business Insider.

Размерот на проблемот со снабдувањето со гориво стана појасен по состанокот на владата одржан вчера. Вицепремиерот Александар Новак, нареди приоритет да се стави на зголемување на увозот на бензин и „обезбедување дополнителни количини гориво надвор од класата“.

Наредбата значи дека Москва се свртува кон пласирање на гориво со понизок квалитет на пазарот. Русија вообичаено се придржува до стандардот за квалитет К5, кој нејзините бензински пумпи го применуваат веќе десет години. Горивото под тоа ниво досега беше резервирано за извоз надвор од евроазискиот трговски блок, како и за специфични цели како што се војската, државните резерви.

Локалните власти и медиумите во најмалку шест руски региони објавија дека на почетокот на месецот се воведени ограничувања на некои бензински пумпи. Купувачите генерално можат да купат до 30 литри бензин дневно.  

Иако Русија е се уште нето извозник на гориво и снабдува милиони тони сурова нафта и деривати како што е дизелот во странство, поради нападите врз рафинериите, таа не е во можност да преработи доволно нафта во бензин за домашни потреби, наведува медиумот.

Организациите што ги следат меѓународните пратки на гориво забележуваат дека Москва драстично го зголеми увозот во последните месеци, првенствено од Мароко, Индија и Турција. Додека месечниот увоз на производи и адитиви за бензин во Русија од 2023 до 2025 година изнесуваше максимум 5.000 тони, во август оваа година повеќе од 416.000 тони беа увезени по море, според податоците од Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух (CREA). Непрофитната организација со седиште во Хелсинки наведува дека Русија увезла уште 234.000 тони нафтени производи по море во септември.

Аналитичката фирма „Вортекс“ со седиште во Лондон одделно го процени увозот на руски горива во август на околу 470.000 тони. Во исто време, украинската воена разузнавачка служба вчера соопшти дека нападите на Киев ја принудиле Русија да увезе околу 989.000 тони гориво и високооктански адитиви по море од 18 јули до 23 октомври.

Русија, исто така, увезува гориво по железница од земји како Белорусија и Казахстан, иако овие податоци не се следат толку детално. Ројтерс објави во јули дека Русија увезла околу 453.000 тони по копно во првите шест месеци од 2026 година, што е дваесеткратно зголемување во однос на минатата година, наведува Business Insider.

Последниот пат кога Русија увезла гориво во такви количини беше во 2014 година, кога увезе 1,6 милиони тони поради недостиг на домашниот пазар. Сепак, тој увоз се одвиваше во текот на целата година. Најавите од руски претставници се дека ќе се увезува бензин барем до крајот на оваа година. 

Ad
Ad