Фудбал
Шеснаесетгодишниот Габриел го објави своето заминување од Манчестер јунајтед
Младиот фудбалер Џеј Џеј Габриел преку социјалните мрежи го објави своето заминување од Манчестер јунајтед.
– Ми дадовте моменти што секогаш ќе ги паметам. Ви благодарам на сите тренери, клупски персонал и соиграчи што веруваа во мене и ми помогнаа да растам. Манчестер јунајтед засекогаш ќе биде дел од мојата приказна“, напиша Габриел.
Според „RMC Sport“, играчот ќе потпише тригодишен договор со Реал Мадрид во текот на оваа недела.
Габриел тренираше индивидуално во Шпанија во последните неколку дена, чекајќи го трансферот.
Клубот од Мадрид очекува да го регистрира напаѓачот во јануари 2027 година. Габриел претходно побара исписница од Манчестер јунајтед. Тој нема настапи за сениорскиот тим на Манчестер на ниту еден официјален натпревар.
Габриел е во академијата на тимот од „Олд Трафорд“ од 2020 година. На крајот од сезоната 2025/26, напаѓачот беше прогласен за најдобар играч во Англиското првенство за фудбалери до 18 години.
ноември 18, 2026

