Connect with us

Свет

Принц Вилијам: Не смееме да дозволиме климатските промени да ја уништат нашата планета

Британскиот принц Вилијам изјави дека последиците од климатските промени веќе се очигледни, упатувајќи оптимистичка порака дека активностите за нивно справување би можеле позитивно да влијаат.

За време на доделувањето на наградите „Earthshot“ во Мумбаи, тој истакна дека последиците од глобалното затоплување стануваат сè поочигледни, за кое сведочат зачестените топлотни бранови и разорни поплави.

– Не можеме да ја погледнеме следната генерација во очи и да ѝ кажеме дека знаевме што се случува, а не направивме сè што беше во наша моќ за да го промениме тоа. Тие нема да нè оценуваат според ветувањата што сме ги дале, туку според она што ќе го оставиме зад себе, рече Вилијам. Заслужуваме генерација која е подготвена да дејствува итно, одлучно и со оптимизам, порача тој.

Наградата „Earthshot“, со која победниците добиваат по еден милион фунти за проширување и унапредување на нивните проекти, е основана пред шест години од 44-годишниот британски принц, со цел да се најде соодветен начин за справување со климатските промени.

Ad
Ad