Connect with us

Свет

„Политико“: Израел од јуни не комуницира со Каја Калас

Израел потврди дека ги прекинал директните дипломатски контакти со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, и дека одлуката донесена во јуни останува на сила, и покрај продолжувањето на соработката со други европски претставници и институции.

Михал Мајан, портпаролката на израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, потврдила за „Политико“ дека одлуката за прекин на комуникацијата се однесува исклучиво на шефицата на европската дипломатија.

„Израел продолжува да соработува со други претставници, институции и земји членки на Европската унија“, изјави претставничката на израелското МНР.

До дипломатскиот спор дошло во јуни, по медиумските извештаи дека Калас, за време на состанок зад затворени врати го споредила однесувањето на Израел кон Палестинците со политиката на апартхејд во Јужна Африка.

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар тогаш остро реагираше, обвинувајќи ја Калас за изнесување тешки обвинувања против Израел и најавувајќи дека ќе ја прекине секоја комуникација со неа сè додека не ги повлече спорните наводи.

И покрај тоа, дипломатските односи меѓу Израел и Европската унија не се целосно прекинати. Според „Политико“, претставници на Европската комисија продолжиле да одржуваат директни контакти со израелскиот министер за надворешни работи, додека Калас од јуни нема непосредна комуникација со него.

Ad
Ad