Connect with us

Свет

Норвешка стравува од напади на екстремисти, службите предупредуваат и на нов облик на радикализам

Норвешка се соочува со зголемени безбедносни ризици од екстремистички групи, полицијата стравува дека во текот на наредната година би можело да има обиди за терористички напади од исламистички и десничарски екстремисти, соопшти денеска Полициската служба за безбедност на Норвешка.

И покрај тоа, вкупната процена на опасноста од напади останува на умерено ниво – три од пет, непроменета во однос на претходната процена.

Безбедносните служби предупредуваат и на појавата на таканаречениот нихилистички екстремизам. Неговите приврзаници сакаат да предизвикаат хаос и да нанесат голема штета, а службите особено ги загрижува ширењето на исклучително насилни содржини во онлајн-заедниците.

Службата, исто така, предупредува дека исламистичките екстремисти во Норвешка сè почесто се организираат во групи и мрежи, и во реалниот живот и на Интернет.

Ad
Ad