Connect with us

Свет

САД, Мексико и Боливија го загубија статусот на земја каде што сипаниците се елиминирани

По 26 години САД го загубија статусот на земја каде што сипаниците се елиминирани, а исто така и Мексико и Боливија повеќе го немаат тој статус, објави денеска Панамериканската здравствена организација (PAHO).

Американските медиуми пренесуваат дека САД го загубија ваквиот статус, бидејќи не успеаја повеќе од една година да го спречат континуираното ширење на овој многу заразен вирус.

Панамериканската здравствена организација објави дека и Боливија и Мексико го загубија статусот на земји во кои се елиминирани сипаниците.

Меѓународните претставници изјавија дека во САД овој многу заразен вирус, кој некогаш беше присутен главно само во медицинските учебници, сега се шири, првенствено меѓу невакцинираните луѓе, со најбрзо темпо во последните 30 години.

Мексико го изгуби статусот на земја каде што малите сипаници се елиминирани, по повторното појавување на вирусот, вклучително и големата епидемија во државата Чивава.

Објавата на Панамериканската здравствена организација има малку практични последици и е претежно симболична по природа, но означува остар пресврт за болеста која, благодарение на децениите научен напредок, во голема мера е под контрола.

Ad
Ad