Регион
Вкупниот број загинати во верижните судири во Бугарија изнесува 11, соопшти Министерството за здравство
Вкупниот број жртви во двете верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“, во близина на клучката „Зимница“, изнесува 11, наведе прес-центарот на Министерството за здравство во соопштение објавено во 17:00 часот по локално време.
Веднаш по тешката несреќа, првичните информации укажуваа на 12 загинати. Сепак, во текот на последователниот процес на идентификација на жртвите и проверка на податоците, потврдено е дека бројот на загинати е 11, се вели во соопштението. Десет лица починале на самото место.
Вкупно 51 лице се хоспитализирани по несреќата на автопатот „Тракија“: 33 во Сливен, 11 во Јамбол и 7 во Бургас. Еден од пациентите примени во болницата за активно лекување „Свети Пантелејмон“ во Јамбол во меѓувреме починал. Тринаесет лица се здобиле со тешки телесни повреди, додаваат од Министерството за здравство.
ноември 11, 2026

