Connect with us

Свет

Американската тајна служба приведе две лица во близина на Белата куќа

Тајната служба на САД уапси две лица во близина на Белата куќа во понеделникот, откако едно лице возело автомобил на тротоарот, а друго ја прескокнало заштитна ограда во паркот Лафајет, пред претседателскиот комплекс.

Претседателот Доналд Трамп бил во Белата куќа во времето на инцидентите. Белата куќа беше накратко ставена под блокада, а патиштата околу паркот беа затворени.

Автомобилот навлезе на тротоарот околу паркот Лафајет кратко пред 10 часот наутро, изјави портпаролот на Тајната служба во соопштението. „Возачот беше агресивен кон полицајците, но брзо беше уапсен“, се додава во соопштението.

Речиси во исто време, друго лице прескокна заштитна ограда во близина на северозападниот дел на паркот Лафајет. „Тоа лице исто така беше брзо уапсено“, се додава во соопштението.

Тајната служба соопшти дека двата инцидента се под истрага. Сè уште не е јасно дали двете лица се поврзани.

Ad
Ad