Connect with us

Скопје

Општина Аеродром ги отстранува хаварисаните, отпадните и нерегистрирани возила од јавните паркинзи

Општина Аеродром продолжува со конкретни активности за ослободување на јавните паркинзи и воспоставување комунален ред. По претходно известување на сопствениците и спроведена постапка, општинскиот Инспекторат активно ги отстранува хаварисаните, отпадните и нерегистрираните возила од јавните површини.

Возилата се подигаат со шлеп-служба и се транспортираат на општинското депо, со што се ослободуваат паркинг-места и простор за граѓаните.

Активностите опфаќаат и возила нерегистрирани повеќе од три години, како и камп-приколки и чамци оставени на јавни паркинзи. За утврдените неправилности ќе следуваат отстранување и соодветни санкции согласно со законските прописи.

Општина Аеродром ги повикува сопствениците навремено да ги отстранат возилата што подолг период зафаќаат јавен простор.

Повеќе слободни паркинг-места, повеќе ред и почист Аеродром. Општината продолжува со доследни контроли и спроведување на мерките на целата територија.

Ad
Ad