Свет
Маркус Зедер се залага за повторно воведување задолжителен воен рок во Германија
Премиерот на германската сојузна покраина Баварија и лидер на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Маркус Зедер, објави дека е за повторно воведување на задолжителен воен рок во Германија, оценувајќи дека на земјата и се потребни дополнителни војници поради зголемените безбедносни закани.
„Ако демократијата ни е важна, мора да ја браниме. Затоа е јасно дека повторно ни е потребна вистинска задолжителна воена служба“, напиша Зедер на социјалната мрежа X.
Тој оцени дека Германија се соочува со безбедносни закани што ги немала долго време и истакна дека затоа е потребно да се продолжи со зајакнувањето на Бундесверот.
ноември 9, 2026


