Фудбал
Гатузо ќе добие награда за најдобар тренер во октомври во Серија А
Тренерот на римската екипа Лацио Џенаро Гатузо е прогласен за тренер на месец октомври 2026 во Серија А и за првпат добива награда во својата кариера. Гатузо има серија извонредни резултати со Лацио.
Екипата е лидер во Серија А и на десет натпревари има девет победи и само едно реми, додека во октомври тимот на Гатузо оствари четири победи против Монца (3:1), Јувентус (3:0), Парма (2:1) и Сасуоло (6:2).
И на почетокот од новиот месец Лацио има победа против Каљари (2:1).
Наградата Гатузо ќе ја добие на 21 ноември на домашниот натпревар на неговата екипа против Лече на „Олимпико“.
ноември 7, 2026


