Фудбал
ПМФЛ: Тиквеш минимално го совлада Скопје
Тиквеш го совлада попладнево Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13. коло во Првата фудбалска лига (ПМФЛ).
Тимот од Кавадарци имаше многу шанси, а реализираше само една кога 26. минута, по корнерот од десната страна, Ренатињо со волеј-удар ја затресе мрежата на Кристијан Наумовски.
Десет минути подоцна Лавал беше во шанса, но шутираше непрецизно од 12 метри. До крајот на првиот дел и Сила имаше можност, по додавањето од Лусианињо, во последен момент го расчисти одбраната на Скопје.
Тиквеш тргна офанзивно и во второто полувреме. Лусианињо во 51. минута, излезе сам пред Наумовски, го мина и голманот, а потоа не успеа да ја погоди празната мрежа од изгледна позиција.
Потоа во шанси беа и Лавал и Висдом, но без ефект. Во 59. минута, Лусианињо повторно беше во одлична можност, шутираше од непосредна близина, но Наумовски спаси сигурен гол.
Три минути подоцна Лусианињо подготви одлична шанса за Лавал, но повторно Наумовски реагираше одлично.
ноември 7, 2026


