Фудбал
Англија ја понижи Хрватска со 7:0 во Риека
Репрезентацијата на Англија ја постигна најубедливата победа сезонава во Лигата на нациите откако вечерва на гости ја совлада Хрватска со убедливи 7:0.
Натпреварот се одигра на стадионот Рујевица во Риека, а на трибините имаше публика само на деца од фудбалски школи од Хрватска, поради забраната на Хрватскиот фудбалски сојуз за организирање на навивачи.
На победата се радуваше и одредена група од околу 200 англиски навивачи.
Головите за Англија ги постигнаа: Хари Кејн и Букајо Сака по два, Џуд Белингам, Морган Роџерс и Антони Гордон по еден.
За Англија ова беше втора победа во групата каде прва е Шпанија, која вечера игра против Чешка.
октомври 4, 2026
