Фудбал
Миовски: Шкотска е одлична репрезентација, но и тие се без постигнат гол
Македонскиот репрезентативец и член на шкотскиот премиерлигаш Глазгов Ренџерс Бојан Миовски беше во центарот на вниманието на денешната прес-конференција пред дуелот на македонската репрезентација со Шкотска.
– Немаме посакувани резултати како што очекувавме, но треба да покажеме дека сме тим. Шкотска е одлична репрезентација ги знаеме нивните играчи, кои се и каде настапуваат. Играа на Светското првенство, но не постигнаа резултат. И тие имаат мала криза и немаат постигнато гол и тоа им носи притисок, а воедно и тие имаат нов селектор, изјави Миовски.
Македонскиот тим има криза во нападот на последните дуели, а Миовски очекува со заедништво екипата да дојде до подобар резултат.
октомври 3, 2026
