Connect with us

Фудбал

Скалони: Секој доаѓа во репрезентацијата на Аргентина со чувство на радост и го покажува тоа кога ќе излезе на теренот

Селекторот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Скалони, ги пофали своите избраници за односот во националниот тим. Аргентина ноќеска ја победи Боливија со 4:0 во пријателски натпревар.

– Навистина беше убаво да се видат момците како уживаат во моментот и ја пеат химната со останатите, како вистински репрезентативци. Ми се допаѓа како играчите пристапуваат кон овој натпревар, особено оние кои се долго време со репрезентацијата. Секој доаѓа со чувство на радост и го покажува тоа кога ќе излезе на теренот, истана Скалони на прес-службата на репрезентацијата. 

Слично размислува и капитенот Кристијан Ромеро.

-Овој ден засекогаш ќе ми остане врежан во сеќавањето. Никогаш не можев да замислам дека ќе ја започнам кариерата во Белграно, а потоа 10 години подоцна ќе се вратам тука, откако ќе постигнам сè со репрезентацијата. Имаме добри играчи, одличен тренерски персонал и ќе се подготвиме да продолжиме да ја носиме репрезентацијата на највисоко ниво, додаде Ромеро.

Аргентина на следниот натпревар ќе игра против Буркина Фасо на 4 октомври, додека Боливија ќе се соочи со Гамбија на 5 октомври.