Свет
ИЕА разгледува ослободување на дополнителни стратешки резерви на нафта
Директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол изјави дека земјите-членки ќе разгледаат ослободување на дополнителни стратешки резерви на нафта.
- Многу внимателно ги следиме пазарите, особено пазарите за деривати, дизел и други. Доколку е потребно, секако ќе разговараме со нашите влади-членки за да преземеме потребните чекори, посочи Бирол.
Тој пред состанокот на министрите за енергија на ЕУ, што се одржува во Даблин, одби да коментира за предлозите, на кои алудираше францускиот претседател Емануел Макрон за ослободување на дополнителни стратешки резерви за намалување на цените на нафтата.
септември 29, 2026
