Connect with us

Свет

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска излезе на говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации за да го одржи својот говор, но уште при неговото појавување десетици дипломати и делегати демонстративно ја напуштија салата.

Нетанјаху веднаш ги нарече дипломатите кои излегоа од салата „морални кукавици“, истакнувајќи дека Израел всушност штити многу од земјите чии делегати одбиле да го слушаат неговото обраќање