Свет
Петнаесет луѓе осудени на доживотен затвор за атентатите во Шри Ланка во 2019 година
Судот во Шри Ланка осуди 15 мажи за организирање на атентатите врз цркви и хотели на Велигден во 2019 година, при што загинаа 267 луѓе, а 574 беа повредени.
Секој од осудените доби казни од најмалку 200 години затвор. Исто така е наредена и конфискација на имотот на осудените лица, во согласност со антитерористичкиот закон. Девет други обвинети беа ослободени.
Бомбашките напади од 21 април 2019 година, инспирирани од идеологијата на терористичката група Исламска држава, се меѓу најсмртоносните напади во историјата на Шри Ланка. Три цркви и три хотели во различни делови од Шри Ланка беа нападнати.
Судскиот процес траеше пет години. Во 2021 година беа поднесоа вкупно 23.270 обвиненија против 25 осомничени обвинети за планирање или поттикнување на нападите. Обвиненијата вклучуваа убиство, заговор за извршување терористички акти и прекршоци со огнено оружје и експлозиви. Сите 25 обвинети беа членови на муслиманското малцинство во Шри Ланка.
Ниту еден од наводните сторители на нападите сега не е жив. Еден од обвинетите почина пред да заврши судењето.
септември 23, 2026
