Свет
Врховниот суд на САД го одби барањето на сурогат мајката, која одби да ја прекине бременоста
Врховниот суд на САД го отфрли барањето на сурогат мајката Мекена Вест за преиспитување на одлуката, со која еден калифорниска двојка се прогласува за законски родители на детето, кое таа го родила таа.
За време на бременоста, на фетусот му е дијагностицирана тешка срцева маана, а сурогат мајката одбила да абортира и покрај тоа што била замолена од Наусин Гилкар и Омар Ахмед, кои ја ангажирале за сурогат мајка.
Вест побарала старателство за бебето, кое го роди на 12 август во Далас, но судот во Калифорнија го отфрлил нејзиното барање.
Двојката ја тужеше Вест за прекршување на нивниот договор за сурогат мајчинство. Вест ја оспорила надлежноста на државата Калифорнија да ја прогласи двојката за законски родители на детето.
Калифорнискиот суд во јуни пресуди дека Гилкар и Ахмед се законски родители, отфрлајќи го аргументот на Вест дека судот нема надлежност да одлучува за ова прашање, по што таа поднесе тужба до Врховниот суд на САД.
Бебето е сместено во болница во Тексас, каде што добива медицинска грижа.
септември 23, 2026
