Свет
Маѓар: Неприфатливо е Унгарија да биде прогласена за членка на „Карпатската осумка“ без нејзина согласност
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар на платформата Икс објави дека за Будимпешта е неприфатливо да биде објавувана како членка на иницијативата „Карпатска осумка“ без нејзина согласност.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на 18 септември соопшти за формирање на „Карпатска осумка“ за развој на логистика, прекугранична економска соработка и поддршка на локалните заедници. Тој наведе дека и Унгарија е членка на групата.
Маѓар тврди дека Унгарија била поканета да се придружи на иницијативата, но одбила.
Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха на Икс наведе дека е изненаден од „непотребните конфронтациски изјави на унгарскиот премиер кон Украина“ со кои се доведува во прашање „директната, прагматична и меѓусебно корисна соработка“ меѓу украинските и унгарските енергетски компании, загарантирана во билатерален меморандум.
Зеленски минатата недела на ја промовираше регионалната иницијатива, на осум земји од Централна и Источна Европа, кои ги делат Карпатите, со цел да се промовира трговската и безбедносната соработка. Тој наведе дека во „Карпатска осумка“ се Романија, Србија, Полска, Словачка, Чешка, Австрија, Унгарија и Европската Унија.
септември 22, 2026
