Фудбал
Фоден суспендиран три натпревари
Фил Фоден е суспендиран од Фудбалската асоцијација на Англија, а 26-годишниот играч на Манчестер Сити нема да може да игра во следните три натпревара.
Фоден ќе го пропушти домашниот натпревар од Лига купот против Норич, првенствениот дуел на „Етихад“ против Сандерленд и гостувањето на „Енфилд“ против Ливерпул.
Фоден беше казнет за неспортско однесување на последниот лигашки натпревар, манчестерското дерби против Јунајтед, кога во првото полувреме очигледно испровоциран го удри со двете нозе противничкиот играч Бруно Фернандеш, кој лежеше на земја..
Иако Манчестер Сити остана без Фоден без разултат 0:0, во следните седумдесет минути успеа да оддолее на нападите на противникот, па и да победи со 1:0 на „Олд Трафорд“ со голот на Халанд.
Манчестер Сити и Арсенал остануваат единствените два тима во Премиер лигата со сто отстотно остварување, со четири победи од четири настапи.
Фоден ја мина целата своја професионална кариера во Манчестер Сити, и по лошата минатата сезона, тој беше дел од почетната постава од самиот почеток.
септември 17, 2026
