Connect with us

Кошарка

КК Пелистер го има и второто засилување за новата сезона

Кошаркарскиот клуб Пелистер го доведе и второ засилување за сезоната 2026/27. По потписот на Благој Димитриев, нов член на битолскиот клуб е Алонзо Едвард Денинг.

Се работи за кошаркар кој доаѓа од Соединетите Американски Држави, но неговото потекло е од Македонија и поседува македонско државјанство, што значи во нашето првенство ќе настапи како домашен играч.

Алонзо игра на позицијата крилен центар и пред да дојде во Македонија настапуваше во Азербејџан, Еквадор и Косово.

Денинг пред јавноста ќе биде претставен на почетокот на подготовките на Пелистер.