Connect with us

Свет

Трамп најави продолжување на напорите за ограничување на нуклеарниот арсенал

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека постигнувањето договор за меѓусебно ограничување на нуклеарното оружје ќе биде тешко, но и дека ќе продолжи да работи на тоа прашање.

„Ми се допаѓа таа идеја, но од аспект на самите преговори, тоа е многу тешко за мене како претседател“, изјави Трамп по разговорите со кинескиот претседател Шји Џјинпинг и рускиот претседател Владимир Путин на трилатералниот самит во Кина

Еден од главните приоритети на Трамп за време на посетата на Кина беше да иницира трилатерални преговори за нуклеарното оружје. Кина, сепак, не сака да разговара за тоа прашање, бидејќи настојува да ја достигне доминантната позиција на Русија и на САД преку обемна програма за зајакнување на своите нуклеарни сили.

Трамп изјави дека „претседателот Шји се согласува“ со него за идејата за ограничување на нуклеарното оружје, но додаде дека е тешко некоја земја да се откаже од значителен дел од својот нуклеарен арсенал.

„Тешко е некој да каже: „Имаме четири илјади нуклеарни оружја, ќе се откажеме од половината“. Тоа е тешко да се спроведе“, рече Трамп.

Американскиот претседател додаде дека ќе продолжи да го покренува прашањето „бидејќи тоа мора да се направи, но е тешко од психолошка гледна точка“.

Ad
Ad