Connect with us

Свет

Силен руски ракетен напад врз мостовите во Киев, тројца загинати

Руски балистички ракети погодиле три моста преку реката Днепар во Киев, при што загинале три лица, а 15-ина се повредени, соопшти денеска градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко.

Станува збор за најголем напад врз сообраќајниците што ги поврзуваат левиот и десниот брег на украинската престолнина од почетокот на војната. Според објавата на Кличко на Телеграм“, ракетите ги погодиле мостовите „Подилско-Воскресенски“, „Дарницки“ и „Пивденски“.

Поради нападите, некои од сообраќајниците се затворени или сообраќајот на нив е ограничен, што им го отежнува движењето на трите милиони жители на градот, кои секојдневно ги користат шесте главни моста. Кличко соопшти дека во нападите загинале три лица, а 15-ина се повредени. Избувнале и пожари во нападите, а оштетени се критична инфраструктура и згради.

Нападите следуваат откога рускиот претседател Владимир Путин вети силен одговор на неодамнешната серија украински напади врз мостот што ја поврзува Русија со Крим.

Уште пет лица се повредени во Днепропетровската област кога беспилотни летала погодиле станбени згради, а во Харков, вториот по големина украински град, четири лица се повредени при руски напад со дронови врз болница. Едно лице е повредено и при напад со дрон врз трамвај во Запорожје, соопштија локалните власти на „Телеграм“.

Ad
Ad