Connect with us

Свет

Протести во Виена: Младите на нозе со слоганот „За нашата иднина, против нивните војни“

Во Европа денеска се одржува европски ден на акција и Меѓународен младински штрајк. Средношколците и студентите се повикани да ја прекинат наставата и да протестираат под заедничкото мото „За нашата иднина, против нивните војни“.

Младински штрајк и протест се закажани и главниот град на Австрија, Виена. Штрајкот ќе почне утрово на Универзитетот во Виена. Предвидено е демонстрантите од Универзитетот да се упатат кон австрискиот парламент.

За попладне е предвиден протест на плоштадот Кристијан-Брода под мотото „Стоп за повторното вооружување на Европа“.

Протестот е организиран од голема коалиција на студентски сојузи, климатски активисти и групи од граѓанското општество, „Стоп за повторното вооружување на Европа – Австрија“ (Stop ReArm Europe Austria), „Атак Австрија“ (Attac Österreich), „Петоци за иднината на Австрија“ (Fridays For Future Austria), Австрискиот студентски сојуз (ÖH Uni Wien) и младинското движење „Генерација Зет“ (GenZregelt). Протестите во истовремено ќе се одржат во повеќе од 25 европски земји, меѓу кои Шпанија, Франција, Италија, Германија, Белгија, Португалија, Велика Британија, Австрија и Швајцарија.

Демонстрантите бараат да запре повторното вооружување на Европската Унија. Тие се против на плановите на ЕУ за повторно воено вооружување во вредност од 800 милијарди евра и предупредуваат на зголемената милитаризација низ Европа.

Младите бараат пренасочување на јавните средства односно милијардите од државниот буџет да се инвестираат во образованието, заштитата на климата, социјална сигурност и достапни станови, наместо во оружје и одбранбени буџети.

Тие исто така се залагаат за заштита на австриската неутралност. Демонстрантите ја повикуваат австриската влада да ја почитува уставно загарантираната неутралност на земјата и да промовира мирна дипломатија, наместо воена ескалација.

Се привидува денешниот, што е трет младински протест во Виена од мај, да биде помасовен од претходните два.

Австриските студенти протестираа во мај откако владата најави намалување на финансиите за јавните универзитети во периодот од 2028 до 2030 година. На протестот организиран под слоганот „Спасете ги универзитетите“ од страна на Австриската национална студентска унија, Конференцијата на универзитети и синдикатите на вработените, кои привлекоа приближно 40.000 учесници.

Во Виена на 22 октомври илјадници луѓе демонстрираа на повик на Австриската национална унија на студенти да се зголеми финансирањето за универзитетите и спротивставувајќи се на планираните намалувања на средствата за високо образование и истражување за 10 проценти. На протестот, според организаторот учествувале 20.000 луѓе.

Ad
Ad