Connect with us

Забава

Околу 300 предмети, поврзани со руското царско семејство, проценети на над 15 милиони долари, одат на аукција

Околу 300 ретки предмети и уметнички дела поврзани со руското царско семејство, проценети на над 15 милиони долари (околу 13,4 милиони евра), ќе бидат понудени на наддавање во „Сотби’с“ (Sotheby’s) во Њујорк, САД, на 16 декември.

Според аукциската куќа, дел од колекцијата на њујоршката галерија „А ла вјеј Руси“ (A La Vieille Russie) ќе им биде достапен на колекционерите и инвеститорите, пренесе ТАСС.

Колекцијата опфаќа предмети од широк спектар на периоди и категории – од ремек-дела на накит создадени од Карл Фаберже, па сè до слики, порцелан и сребрени предмети.

Ad
Ad