Connect with us

Фудбал

Судијата од финалето на Европското 2024 ќе суди во Скопје

Францускиот судија Франсоа Летексие ќе го суди утрешниот натпревар меѓу Македонија и Шкотска во рамки на третото коло од Лигата на нациите. Летексие важи за еден од елитните судии во европскиот фудбал, а секако негово најголемо достигнување беше финалето на Европското првенство 2024 меѓу Италија и Англија.

Французинот веќе еднаш има судено на нашата репрезентација на дуелот со Италија во Скопје, кој заврши 1:1.

Негови помошници ќе бидат Сирил Муние и Мехди Рамуни, исто така од Франција. Улогата на четврти судија ќе ја извршува Гијом Паради.

Евентуалните ВАР ситуации ќе ги проверуваат Белгиецот Брам Ван Дрисше и асистент ВАР судија ќе биде Французинот Матје Вернис, кои ќе бидат во ВАР собата.

За судиски набљудувач од УЕФА е назначен Стефано Подески од Сан Марино, а делегат на натпреварот ќе биде Адријан Иксари од Молдавија. Натпреварот од Б1 групата ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во сабота со почеток од 20:45 часот.