Connect with us

Свет

ИЕА разгледува ослободување на дополнителни стратешки резерви на нафта

Директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол изјави дека земјите-членки ќе разгледаат ослободување на дополнителни стратешки резерви на нафта.

  • Многу внимателно ги следиме пазарите, особено пазарите за деривати, дизел и други. Доколку е потребно, секако ќе разговараме со нашите влади-членки за да преземеме потребните чекори, посочи Бирол.

Тој пред состанокот на министрите за енергија на ЕУ, што се одржува во Даблин, одби да коментира за предлозите, на кои алудираше францускиот претседател Емануел Макрон за ослободување на дополнителни стратешки резерви за намалување на цените на нафтата.