Connect with us

Свет

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони

Шведски и фински ловци вчера биле подигнати по тревога за да пресретнат руски воени авиони во меѓународниот воздушен простор над Финскиот Залив, соопштија денеска воздухопловните сили на Финска.

Мисијата е извршена согласно финско-шведската рамка за заедничко набљудување и чување на небото на двете земји, се наведува во соопштението.

Ловците од борбената авијација на двете земји ги следеле и ги идентификувале групата руски авиони, која вклучувала транспортен авион и неколку ловци, посочија финските воени власти