Connect with us

Вести

Николоски на средба со европратеници: Европската перспектива останува стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со членови на Европскиот парламент во рамките на 25. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија.

Како што соопштуваат од Министерството за транспорт, разговорите биле со фокус на европската интеграција на земјата, реформскиот процес и чекорите што претстојат на патот кон полноправно членство во Унијата.

– На средбата беше разговарано за актуелните состојби и напредокот на Македонија во исполнувањето на обврските, како и за значењето на продолжувањето на реформите во клучните области поврзани со процесот на пристапување кон ЕУ. Заменик-претседателот на Владата, Николоски, информира за конкретните активности што ги презема Владата во насока на унапредување на реформите, зајакнување на институциите и создавање услови за забрзување на европската интеграција – стои во соопштението.

На средбата, додаваат, била истакната важноста од континуираниот дијалог со институциите на Европската Унија како значаен партнер на Македонија во процесот на приближување кон европското семејство. Било нотирано и дека европската перспектива останува стратешки приоритет за државата, а продолжувањето на отворениот дијалог со европските институции е од особено значење за понатамошниот напредок на земјата.